2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOrange ја продаде својата доминиканска филијала

Orange ја продаде својата доминиканска филијала

orange-lte-4g

Францускиот телекомуникациски оператор „Orange“ ја финализираше продажбата на доминиканската филијала на мултинационалниот оператор „Altis“ со седиште во Луксембург.

„Orange“ својата филијала ја продаде за 1.42 милијарди долари (1.05 милијарди евра), соопштија од оваа компанијата.

Отворена во 2000-та година, компанијата „Orange Dominicanа“ е водечки оператор во Доминиканската Република чија економија е една од најдинамичните и најзначајните на Карибите со популација од 10 милиони луѓе, се наведува во соопштението на „Orange“.

Доминиканската филијала на овој француски оператор во 2012-та година оствари приход од 22.8 милијарди доминикански пезоси (околу 451 милиони евра), а на крајот на септември минатата година имаше 3.4 милиони клиенти. Во оваа филијала работат повеќе од 1.400 луѓе.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП