28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗа иновации и технолошки развој достапни два милиони евра

За иновации и технолошки развој достапни два милиони евра

inovacii

Два милионa евра се достапни до крајот на годината за иновации и технолошки развој преку новоформираниот Фонд за иновации. Квалитетот ќе биде единствен критериум за поддршка на проектите, а првите се очекуваат во септември годинава. Од денеска во наредниот период Фондот почнува со информирање за инструментите што се нудат.

– Ќе се пристапи кон комплетно информирање на сите субјекти, индивидуални или правни кои сакаат да се вклучат во овој процес, а со цел да добиеме што поквалитетни апликации и проекти, изјави минситерот за образование и наука Спиро Ристовски пред денешната прва средба со Сојузот на стопански комори.

Тој додаде дека за државата овој проецес е важен бидејѓи значи директно поврзување на иноваторите со компаниите кое ќе донесе до зголемување на увозот и извозот и до директен развој.

Директорка на Фондот е Јасмина Поповска која посочи дека целата на оваа и на серијата средби што ќе следат е да се подготват што поквалитетни проекти.

– Вложуваме, поттикнуваме и промовираме иновации бидејќи тие се основа на една економија базирана на знаење и кои треба да придонесат кон поголем економски раст и повеќе работнби места, истакна Поповска.

Извори на финансирање се Светска банка од каде се обезбедени 9 милиони евра, од основниот буџет и 1 процент од Програмата за рурален развој. Според неа секоја година ќе се прави план, а зависи од квалитетот на проектите колку ќе се искористат.

Максималната сума која може да се добие од Фондот е до 30 илјади евра за старт ап бизнис, 100 илјади евра за инструментот за комерцијализација на иновации, 200 илјди евра максимум за трансфер на технологија и за акцелератори 500 илјади евра.

Поповска посочи дека покрај овие основни грантови, има и за програми за кофинансирање.

Формирањето на фондот е барање на бизнис заедницата. Според претседателот на Сојузот на стопански комори на Македонија Златко Калеников тој треба да претставува еден линк за поврзување на македонските компании и иноваторите.

– Македонските компании се доста иноватовни, но недостасуваше еден линг меѓу иноваторите и бизнис секторото и се надевам дека овој линк сега ќе се воспсотави преку овој Фонд, кој ние го баравме долго време, изјави Калеников.

Очекува на средбата да се запонзаат колку понудените инструменти на фондот можат да придонесат за развој на малите и средните претпријатија.

Фондот за иновации е основан во декември минатата година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП