22 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ: Подобрена финансиската стабилност

ММФ: Подобрена финансиската стабилност

mmf

Финансиската стабилност во изминатите шест месеци, главно е подобрена во развиените земји, а влошена е во земјите во развој, се наведува во последниот извештај на Меѓународниот монетарен фонд – ММФ за „Глобалната финансиска стабилност“.

„Со задоволство можам да кажам дека глобалната финансиска стабилност се подобрува. Меѓутоа, премногу е рано за прогласување на победа, бидејќи е потребно да се надминат и преостанатите предизвици за глобалната стабилност“, изјави официјалниот претставник на ММФ Хозе Виналс.

Според неговите зборови, американската економија е зајакната, економските политики на Европа се подобри, а сето тоа придонесе за поголема доверба на пазарот.

„Економијата на земјите во развој, кои поминаа низ неколку турбуленции, ја приспособуваат нивната политика во вистинска насока“, нагласи тој.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар