10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанката OTP е пред превземање на германската банка „MKB“

Банката OTP е пред превземање на германската банка „MKB“

otp bank

Најголемата унгарска банка „OTP“ е блиску до потпишување на договор за купувње на загубарската банка „MKB“ која е во мнозинска сопственост на германската сојузна држава Баварија, објавија три извори кои се упатени во преговорите.

И „OTP“ и германски „BayernLB“ водат интензивни преговори во последните неколку недели и веројатно ќе постигнат договор, велат неименувани извори.

Меѓу нерешените прашања кои стојат на патот за постигнување на договорот меѓу двете страни е цената.

„OTP“ со оваа аквизиција очекува дека ќе ја зацврсти својата позиција на најголема банка во Унгарија и воедно ќе се поклопат со плановите на владата во Будимпешта за префрлување на имотот на банката од странска во сопственост на домашните компании.

Кон крајот на 2013-та година „MKB“ имаше имот во вредност од 6.6 милијарди евра и скоро 10 процентен пазарен удел во сегментот на работењето со граѓаните и компаниите.

„BayernLB“ веќе со години се обидува да се ослободи од „MKB“, кој само во минатата година забележа загуба до 409 милиони евра загуба.

Банките „OTP“ и „BayernLB“ не сакаа да ги коментираат споменатите информации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП