6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПешевски: Над 1,4 милијарда евра инвестиции и 2.500 нови работни места во...

Пешевски: Над 1,4 милијарда евра инвестиции и 2.500 нови работни места во рударството

rudnici pese

Инвестиции над 1,4 милијарда евра и околу 2.500 нови работни места во секторот рударство, најави денеска вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски.

Пешевски кој беше во работна посета на два каменолома во Кумановско, рече дека рударството ќе биде област на која ќе и се посвети поголемо внимание во следниот период.

– Владата во изминатиот период додели над 200 нови концесии и тоа е област на која ќе посветиме уште поголемо внимание во следниот период бидејќи сметаме дека изминатите години овој сектор беше ставен на страна, изјави Пешевски при посетата на каменоломот на Гранит.

Според него, многу е важно секој сегмент од економијата да биде максимално вклучен за да има забрзан економски развој во државата.

За време на средбите во двата каменолома вицепремиерот Пешевски разговараше и за проблемите со кои се соочуваат компаниите кои ги експлоатираат рудниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП