13 ноември, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТриглав ќе исплаќа дивиденда со бруто износ од 1,10 евра по акција

Триглав ќе исплаќа дивиденда со бруто износ од 1,10 евра по акција

zavarovalnica_triglav_zgrada

Групацијата Триглав ќе исплати дивиденда во износ од 1,10 евра по акција, предвидува нацрт резлуцијата на Генералното собрание на акционери, а која ја одобри надзорниот одбор.

Предложената дивиденда, како што соопштуваат од компанијата, е во согласност со политиката за дивиденди на Заваровалница Триглав, што е заснована на целната адекватност на капиталот.

Дивидендата ќе се исплаќа на акционерите што се наоѓаат на регистарот на акционери и тоа два дена по датумот на одржување на Генералното собрание на акционери, а во рок од 30 дена од датумот на донесување на предложената резолуција. За распределбата на преостанатиот дел од акумулираната добивка во износ од 52.817.506,71 евра ќе се одлучува во претстојните години.

Надзорниот одбор го назначи Андреј Слапар, сегашниот претседател на УО за уште еден мандат од пет години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП