5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтурнарас: Грција излегува од кризата

Стурнарас: Грција излегува од кризата

EI-Greece-crisis

– Грција е на пат да излезе од кризата и денеска земјата првпат по четири години се враќа на меѓународните пазари, изјави грчкиот министер за финансии Јанис Стурнарас.

Тој учествува на настан во рамки на грчкото претседавање со ЕУ во дворецот Запион во Атина, каде присуствува и еврокомесарот за конкурентност и потпретседател на ЕК, Хоакин Алумнија.

Стурнарас ги спомена и охрабрувачките сигнали на балансирање и пораст на грчката економија по четири години финансиско заздравување и структурни реформи.

– Грција успеа и тоа го признаа веќе и нејзините најголеми критичари меѓу пријателите и партнерите. Земјата успеа да ја надмине кризата, додаде грчкиот министер.

Тој се повика на податоци на Организацијата за економска соработка и развој, кои покажуваат дека Грција забележала најголема фискална консолидација од Втората светска војна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП