12 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАНамалете ја нервозата пред разговорот за работа

Намалете ја нервозата пред разговорот за работа

nervozaintervju5d46ew4

Анксиозноста пред интервјуто е сосема нормална работа, посебно ако се работи за прво интервју или интервју за повисока позиција. Научете како, и покрај нервозата, да заблескате на разговорот, а воедно и да заборавите на неа.

1. Планирајте однапред

Задолжително испланирајте што ќе облечете и кои документи е потребно да ги однесете. Доколку не сте сигурни за документите, не треба да ви биде срам да се јавите во компанијата и да го решите тоа прашање. Кога се ќе испланирате, ќе изгледате професионално и посвежо. Никогаш не доцнете на интервју.

2. Подгответе се

Морате да направите домашна задача и да дознаете се за компанијата за која сте заинтересирани. Разговорот за работа е како тест за кој морате да бидете добро подготвени доколку сакате да добиете повисоки оценки. Морате да знаете кои се предностите и недостатоците на работата за која се пријавувате, бидејќи повеќето прашања се сведуваат на фразата „Со што можете да допринесете за организацијата?“. Морате да бидете самоуверени додека одговарате на прашањата.

3. Не размислувајте на други работи

Кога одите на разговор за работа, немојте да имате нешто друго на ум. Се останато што ве мачи оставете го настрана и концентрирајте се исклучително на својот настап и на тоа да оставите што подобар впечаток. Ова единствено е можно само ако сте самоуверен. Доколку имате уште нешто закажано за тој ден, најдобро е да го откажете и да се фокусирате на една работа.

4. Поставувајте прашања

Интересно е тоа што нервозата околу разговорот за работа обично продолжува и откако тој ќе заврши. Тоа е неверојатно поради тоа што луѓето не поставуваат прашања кои им доаѓаат на памет бидејќи се премногу анксиозни. Секогаш прашувајте се што ве интересира и така понатаму нема да има нешто што не ви е јасно. Секако, не поставувајте апсурдни прашања бидејќи на тој начин самите ќе си ги намалите шансите да ја добиете работата.

5. Изгледајте и зборувајте убаво

Не заборавајте дека првиот впечаток е и последен. Морате да изгледате и да зборувате како вистински професионалец. Храната исто така игра голема улога. Никогаш, ама баш никогаш, не одете гладни на интервју за работа. Секогаш добро јадете, бидејќи тоа ќе ви подари додатна свежина. Од друга страна, немојте ниту да претерувате. Не заборавајте да ги измиете забите и да мирисате убаво.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП