20 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКроација Осигурување најдобар понудувач на тендерот за осигурување на Македонска пошта

Кроација Осигурување најдобар понудувач на тендерот за осигурување на Македонска пошта

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Кроација Осигурување А.Д. е избрана за најдобар понудувач на тендерот за осигурување на А.Д. Македонска пошта.

– Договорот со најповолниот понудувач ќе биде потпишан во согласност со законските прописи и правилата предвидени во процедурата на јавната набавка. Полисата за осигурување ќе го опфати временскиот период кој е предвиден во техничката спецификација на отворената постака, како и тендерската документација, односно од 1 јануари 2013 година, соопшти Македонска пошта.

Според тоа, се посочува во соопштението, Македонска пошта нема да има никакви финансиски реперкусии во однос на настанатите штети од неодамнешниот пожар.

– Штетата ќе биде покриена во рамки на процедурата за јавна набавка за осигурување на компанијата, се нагласува во соопштението од Македонска пошта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП