4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШувалов: Нови буџетски правила поради Крим

Шувалов: Нови буџетски правила поради Крим

rusijan2973ry932yr

Првиот потпретседател на руската влада Игор Шувалов изјави дека Москва можеби ќе ги промени буџетските правила за да се прилагоди на спојувањето со Крим, кој има околу два милиони жители.

Шувалов изјави дека на Крим му се потребни инвестиции и нова инфрастуктура, кои не можат да се финансираат од постоечките фондови.

„Кога некоја држава ќе добие два милиони нови луѓе, на кои им се потребни големи инвестиции, тоа не може да се уреди со едноставно пренасочување на средствата од постоечките државни фондови“, изјави тој.

Тој додаде дека се потребни големи инвестиции во патната мрежа и пристаништата на Крим.

Руските буџетски правила го ограничуваат задолжувањето на државата на еден процент од БДП и ги поврзуваат трошоците со долгорочната цена на нафтата.

„Мислам дека е во ред ова правило да се промени поради новите два милиони руски државјани на Крим“, изјави Шувалов.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП