9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВинарите да го исплатат ланското грозје до крајот на месецов, порачуваат од...

Винарите да го исплатат ланското грозје до крајот на месецов, порачуваат од Инспекторатот

lozari ss

Сите винарски визби да го почитуваат законскиот рок за плаќање на минатогодишниот род грозје, порача директорот на Државниот инспекторат за земјоделство Румен Стаменов по синоќешната средба со лозарите и винарите во Кавадарци. Стаменов потсети на законските санкции за нередовните плаќачи.

– Исплатата на грозјето откупено лани треба да заврши до крајот на овој месец. Ги имаме предвид интересите и на лозарите и на винарите и се грижиме и за едните и за другите бидејќи тие се составен дел на лозаровинарството. Лозарите не можат без винарите и обратно, истакна директорот.

Според него, полека се издвојуваат оние кои навреме плаќаат и поради тоа, се повеќе ја добиваат довербата кај лозарите.

За производителите исплатата на грозјето се уште е најголем проблем.

– Винарите треба да знаат дека од откупот на грозјето континуирано мора да вршат исплата на долговите кон лозарите и да завршат во законскиот рок што ретко се случува во пракса зашто некои должат и за грозјето од пред неколку години, рече претседателот на Регионалниот сојуз на лозари „Агротиквешија“ Љупчо Аризанов.

На средбата зборуваше и менаџерот на винарската визба „Аневски“ од Штип Ѓорѓи Бебеџаков кој го анализираше проблемот со исплатата од двете страни, како менаџер и од аспект на лозарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП