13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрв бизнис акцелератор во Македонија

Прв бизнис акцелератор во Македонија

akceleratorodj389ur93j

– Помош на младите на почетокот на нивната професионална кариера преку високоспецијализирани програми, ќе нуди првиот бизнис акцелератор во Македонија, што почна со работа во Скопје.

Станува збор за македонско-американска компанија со канцеларии во Скопје и во Лос Анџелес, којашто ќе работи на развој на иновативни проекти од информатичко-комуникациските технологии и креативните индустрии, во тесна соработка со академскиот сектор и со Владата, соопшти денеска Министерството за информатичко општество и администрација (МИОА).

Компанијата ќе работи на интеграција на студентите, бизнисите, академијата и инвеститорите, кои на младите луѓе ќе им помогнат и ќе им овозможат да оформат сопствени компании. Ќе бидат ангажирани домашни и странски ментори и тренери со големо професинално искуство.

На отворањето на канцеларијата на компанијата во Скопје присуствуваа заменик – министерката за информатичко општество и администрација Марта Арсовска-Томовска, претставници од ИКТ бизнисот, студенти…

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП