3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНамалени површините под ориз во Кочанско

Намалени површините под ориз во Кочанско

orizovi-polinja

Со зафаќањето на проточните води од Оризарска и Кочанска река од денеска и официјално започна полнењето на оризовите површини со што за неколку дена ќе започне и сеидбата на оризовата култура. Од Водостопанство Брегалница најавуваат намалување на површините под ориз, а зголемување на крските површини кои не бараат големи количини вода.

– На стартот на пролетната сеидба во акумулацијата Калиманци имаме акомулирано 66 милиони метри кубни вода што е на половина од потребните количини вода за старт на наводнителната сезона која до лани изнесуваше 120 милиони метри кубни. Затоа и донесовме одлука за намалување на површпините под ориз во регионот за 28 проценти или од планираните 4.200 хектари пролетва ке бидат насеани 2.800, истакнува Зоран Беличев, директор на Водостопанство Брегалница од Кочани.

Тој информира дека Водостопанство Брегалница годинава планира да наводнува 6.000 хектари во Виничко, Кочанско, Штипско и Свети Николско со 70 милиони метри кубни вода.

– Ова значи дека ќе имаме зголемување на крските површини за 35 проценти или 3.200 хектари, бидејќи во текот на вегетацијата помалку трошат вода, посочува Беличев и најавува пуштање на водите од Хидросистемот Брегалница на 22 април кога се очекува поголем интензитет во сеидбата на оризовата култура.

Од Институтот за ориз од Кочани истакнуваат дека и годинава ке бидат насеани традиционалните сорти ориз сан андреа, ер 76, бисер, примариска, монтеса, а ќе продолжи и проктот со турската агенција ТИКА за пробно производство на 20 сорти турско семе ориз на полињата во источна Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП