4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе поголем број Полјаци ја напуштаат татковината

Се поголем број Полјаци ја напуштаат татковината

Slavic-Krakow, Old City.preview

– Повеќе од половина милион Полјаци минатата година ја напуштиле својата земја во потрага по работа во странство, пренесуваат чешките медиуми анализа објавена во Полска.

Како што јави дописникот на МИА од Прага, таков интензивен бран на иселување, Полска последен пат имала во периодот меѓу 2006 и 2007 година.

Според статистиката на земјата, во последните 10 години, барајќи подобар живот во странство, од Полска заминале 2.7 милиони луѓе. Најновата стапка на невработеност во Полска достигна 14 проценти.

Во текот на изминатата деценија, биле регистрирани повеќе од 8,3 милиони Полјаци кои имаат искуство со проблемот да немаат работа.

Аналитичарите, за главна причина на иселувањето го сметаат, не само недостигот на добро платени работни места, туку и немањето понуда за било каква работа.

Минатата година, бројот на невработени во Полска пораснал за 560.000 новорегистрирани.

– Доколку повеќето Полјаци не заминеа во странство, денеска би имале регистрирани 5,5 милиони луѓе без работа или околу 30 отсто, вели економистот Кристина Иглицка за весникот „Газета Правна“.

Анкетите покажуваат дека само 17 проценти од возрасното полско население не размислува за емиграција и дека по работа во странство не одат само невработените, туку и оние кои во Полска имаат релативно добро платена работа.

Главно, во странство и тоа најчесто во Германија, Велика Британија, Холандија, Скандинавија и САД заминуваат инженери и школувани занаетчии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП