20 април, 2024
ПочетнаЗДРАВЈЕКако да ги исчистите белите дробови од никотин?

Како да ги исчистите белите дробови од никотин?

L

Ракот на белите дробови е еден од водечките причинители на смрт од карцином во светот и од него во најголем број оболуваат токму оние кои секојдневно уживаат во димот од цигарите.

Лекарите потенцираат дека најдобар начин да се заштитите од рак на бели дробови е да престанете да пушите и да ја отстраните таа лоша навика. Но, доколку тоа ви претставува проблем, докторите имаат алтернативно решение. Постојат различни начини да ги исчистете белите дробови од катран и токсини.

Одредени намерници и тоа како можат да ви помогнат да ги прочистите белите дробови. Запаметете, со нивно конзумирање нема целосно да се прочистите, но во одредена мерка може да ги ослободите токсините. Еве кои се тие намирници…

Пченка

Оваа намирница содржи бета-криптоксантин за кој се смета дека ги штити белите дробови од рак бидејќи претставува силен антиоксидант. Од друга страна, имајте на ум дека оваа намирница во продавниците најчесто е ГМО, па конзумирајте ја онаа за чие потекло сте сигурни.

Селен

Станува збор за навистина моќен антиоксидант кој може да се најде во разни видови риба, како туната, лососот, бакалар но и во јагнешкото, јајцата и житарките.

Лук

Лукот, но и кромидот имаат соединенија кои делуваат антиканцерогено. Лукот помага во спречувањето на многу болести, меѓу кои се и инфекциите и ракот на белите дробови. Имајте на ум дека кај лицата кои веќе имаат карцином спречува раст на нови клетки.

Ѓумбир

Уште една намирница за „уништување“ на токсини од белите дробови. Можете да пиете чај од корен на ѓумбир со што ќе си го олесните дишењето, а парче ѓумбир можете да изедете и со оброкот.

Портокал

Портокалот е популарен извор на витамини, но содржи и криптиксантин, кој превентивно делува против рак на белите дробови.

Коприва

Копривата е преполна со железо, а корисна е и како средство за дезинфекција на белите дробови во борбата со карциномот.

Чај од борови иглички

Овој чај традиционално се користи за плакнење на устата и грлото, но одличен е и во превенцијата од рак на белите дробови.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП