4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИHP плаќа 108 милиони долари за да запре истраги за корупција

HP плаќа 108 милиони долари за да запре истраги за корупција

hp ivent

Американската компанија за компјутерска технологија „Hewlett Packard“ ќе плати 108 милиони долари, за да стави крај на истрагите на американските власти за корупциските афери на компанијата во Русија, Полска и Мексико.

Комисијата за регулација на акциите во САД прецизира дека филијалите на „HP“ во овие земји платиле вкупно 3.6 милиони долари мито за да добијат или да зачуваат големи тендери. Тоа му овозможило на „HP“ да добие договор за околу 6 милиони долари за испорака на компјутерски софтвер на државната мексиканска нафтена компанија (Pemex), друг за „неколку милиони“ за опрема и софтвер за кабинетот на главниот обвинител на Русија и трет – исто така со неодредена вредност, за полската национална полиција, прецизира регулаторот.

Во рамките на склучениот договор на „Hewlett Packard“ со американските власти, нејзините филијали се согласиле да бидат прогласени за виновени. Претставник на американското Министерство за правда рече дека тие имале тајни каси за давање на мито, сложен систем од тампон фирми и банкарски сметки за перење пари, двојно сметководство, кое ги следи примателите на мито, анонимни е-мејл адреси и Припејд мобилни телефони за решавање на тајни средби, на кои се давале торби со пари во кеш.

Според потпретседателот на компанијата задолжен за правните прашања, Џон Шулц, станува збор за „изолирани случаи со мал број на луѓе кои веќе не се вработени во компанијата“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП