12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хрватска од 2009 година речиси половина милион лица останале без работа

Во Хрватска од 2009 година речиси половина милион лица останале без работа

Zagreb, Croatia

Од 2009 година до денес во Хрватска бројот на вработени е намален за 470 илјади – наведува Државниот завод за статистика.

Според последните податоци, вкупниот број на вработени во февруари изнесувал 1.310.433, што е за 4.205 работници помалку отколку во јануари, како и за дури 26.407 лица (два проценти) помалку во однос на февруари 2013 година.

Од друга страна, бројот на вработени „правни лица“ изнесувал 1.098.836, што претставува намалување од 14.447 (1,3 проценти) во споредба со истиот период минатата година.

Најголем пад од почетокот на кризата е забележан во градежништвото, каде бројот на работници е намален за повеќе од 36 илјади, односно за дури 35 проценти.

Најизразен раст на вработеноста е забележан во секторот за недвижности (11,5 проценти).

Малку помал раст на вработеноста имаат секторите за услуги за сместување, услуги за храна, обрзованието, здравствената заштита и социјалната заштита, додека сите останати сектори бележат пад на вработеноста.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП