2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБританија во борба за поголем извоз

Британија во борба за поголем извоз

velikabritanijakaqj82yr2

Трговскиот дефицит на Велика Британија во февруари е намален повеќе од очекуваното, благодарение пред се на падот на увозот на авиони и воздухопловна опрема.

Како што наведува заводот за статистика во Лондон, во февруари трговскиот дефицит е намален од јануарските 9,463 милијарди евра, на 9,094 милијарди, пренесува АФП.

Велика Британија сака да го поттикне извозот, со цел нејзината економија помалку да зависи од растот на внатрешната потрошувачка. Аналитичарите очекуваа дека дефицитот ќе изнесува 9,2 милијарди.

Извозот во февруари во однос на претходниот месец е намален за 2,4 проценти, а увозот за 0,1 проценти.

На квартално ниво заклучно со февруари извозот е намален за 0,1 проценти додека увозот е намален за 3,5 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП