3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечен Чех годишно пие по 144 литри пиво

Просечен Чех годишно пие по 144 литри пиво

pivocheh+6f56f

– Иако Чесите  уште се лидери во Европа по потрошувачката на пиво, актуелните анкети покажуваат дека рекордните бројки за испиено количество пиво се веќе минато, јави дописникот на МИА од Прага.

Ако во 2003, секој Чех пиел по 160 литри во текот на годината, минатата година просечен чешки граѓанин испил 144 литри од овој „златен“ пијалок.

Според истражувањето, намалувањето на бројката не се должи на намаленото производство на пиво, туку побарувачката во рестораните опаѓа.

Исто така, и извозот на пивото во странство расте, па лани биле извезени 3,5 милиони хектолитри, што е за девет отсто повеќе од пред една година.

– Потрошувачката по глава на жител во Чешка е малку опадната, на годишно ниво за два литри. На европско ниво, сепак тоа е доволно за да останеме шампиони. Јас мислам дека потрошувачката во земјата веројатно нема веќе да се зголемува, туку ќе има надолен тренд, поради менувањето на начинот на живот, изјави претседателот на Чешкиот сојуз на пиварници Франтишек Шамал.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП