19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУспешно реализиран првиот саем за женско претприемништво за Југоисточна Европа

Успешно реализиран првиот саем за женско претприемништво за Југоисточна Европа

saem22-naslov

Во присуство на преку 100 делегати од 10 земји од регионот, од 3-5 Април успешно беше организиран и реализиран првиот саем за женско претприемништво во Дубровник, Хрватска. Саемот беше организиран од организацијата Gender Task Force (GTF), во рамки на FCEM  – Светскиот собир на меѓународни бизнис жени.

Саемот е една од активностите во рамки на тригодишниот проект „Женско претприемништво – мотор за создавање на работни места во ЈИЕ” чиј носител е Советот за регионална соработка. Финансиран е од страна на шведската организација Swedish International Development Agency (SIDA), со цел промовирање на најдобрите пракси во женското претприемништво и изградба на национални и регионални женски мрежи и здруженија.

saem55

Во рамки на настанот, покрај саемот на кој беа разменети креативни искуства и идеи, се одржаа и B2B средби, работилници и панел дискусии за развој на женското претприемништво.

Имплементатори за Македонија на проектот се Здружението на бизнис жени од Македонија како и Националниот совет за родова еднаквост.

saem33

Како резултат на повеќегодишната успешна соработка, Здружението на бизнис жени од Македонија водено од Валентина Дисоска како претседател, со посебни признанија стана член на Светската  организација на бизнис жени.

На саемот присуствуваа и претставници од Македонија од сите комори, бизнис сектор и невладин сектор.

Со овој настан, како и сите останати активности на проектот Женско претприемништво се активира жената како креативен носител на општествениот развој и оттука се потенцира дека прашањето на женското лидерство има силна економска природа.

Повеќе инфо за организаторот:

http://www.gtf.hr/en/home/

https://www.facebook.com/GTFgendertaskforce

saem66

saem44

saem22

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП