2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонското јагне на странскитe пазари

Македонското јагне на странскитe пазари

jagninjado9ir03iu09ri

– Македонските јагниња од државата се очекува да завршат на странските пазари. Досега се извезени околу 140 илјади јагниња што е некаде на ниво од минатата година, а цената стартуваше со 140 денари по килограм и таа се зголемува.

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски при денеска ја посети кланицата „Серта Компани“ во Кавадарци за да види на лице место како се одвива годинашниот откуп и извозот на јагнешко место.

– Според последните бројки кои ги имаме ние како Агенција до овој период количините на извезено јагне се приближно како и минатогодишните така да веруваме дека и оваа година целокупното јагне кое е произведено во државата ќе заврши на странските пазари. Досега се извезени околу 140 илјади јагниња што е некаде на нивото од минатата година. Во делот на откупната цена се започна со една малку пониска цена од 140 денари, но како наближува велигденскиот извоз цената на терен малку се зголемува така што се надеваме дека и сточарите годинава ќе бидат задоволни, рече Рунтевски.

Тој нагласи дека квалитетот на македонското јагне е извонреден и затоа е толку барано како извозен продукт. Најмногу од јагнето завршува на италијанскиот пазар кој важи за доста пребирлив пазар, а најголеми купувачи на македонското јагне се Грција, Хрватска и Србија.

– Веруваме дека би нашле и други пазари доколку понудата на јагнешко месо беше поголема и се надеваме дека субвенциите кои ги дава Владата на Република Македонија со тек на време ќе придонесат до основната цел, зголемување на бројот на животни, овци, јагниња и на тој начин извозот и во други земји, додаде Рунтевски.

Иако најгоелмиот дел од јагнешкото ќе заврши на странските пазари, дел ќе остане и на домашниот пазар.

Досега извозот во ЕУ се одвиваше преку четири кланици, но благодарение на инвестициите на „Серта компани“ од пред неколку дена е рестартирана и прилепската кланица која набргу ќе може да извезува во ЕУ.

Ристо Михајлов, сопственик на Серта Компани кажа дека веќе десет години работат како кланица извозник. – Секоја година ја зголемуваме количината за ивоз, а извезуваме на италијанскиот, грчкиот, српскиот, хрватскиот и црногорскиот пазар. Добрите резултати кои ни доаѓаат од извезеното јагне во сите овие пазари е нашиот бренд. Презадоволни сме од квалитетот што го извезуваме, рече Михајлов.

Тој додаде дека планираат годинавада го зголемат извозот за 20 до 30 проценти во однос на 2013 година и смета дека тие резултати ќе ги остварат со оглед на тоа како досега одат работите.

– Извозот, потенцира, се довива непречено благодарение на Агенцијата за храна и ветеринарство која не поддржува во однос на контролата од страна на инспекцијата. Имаме 4-5 инспектори кои постојано со будно око го следат квалитетот и го контролираат и извозот непречено се одвива, рече Михајлов.

Потеницра дека има зголемување на сточниот фонд во државата и окрупнување на стадата што е за поздравување. – Луѓето на терен се задоволни од субвенциите кои ги добиваат навреме. Одлична соработка имаме со сточарите. Тоа е исто така за поздравување, бидејќи се гордееме со квалитетот кој го имаме овде и по кој ни е препознатлива државата. Нашето поднебје е сметам најдобро на Балканот во делот на квалитетот на јагнешкото месо. Тоа го кажуваат нашите купувачи од странство. Минатата година првпат влеговме на српскиот пазар и беа воодушевени. И америчката контрола на супермаркети даде највисоки оценки за квалитетот на јагнешкото месо од Македонија, од нашата кланица, нагласи Михајлов.

Јагниња откупуваат од цела Македонија, имаат дваесетина добавувачи и над илјада кооперанти. Според него не е важно од кој дел на Македонија се јагнињата туку важно е да се транспортираат квалитетно, да се обработат квалитетно и да се изладат, а притоа хигиената да биде на највисоко ниво. Во Македонија има десетици раси на овци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП