2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИИзмамник сакал да ја приватизира Elan

Измамник сакал да ја приватизира Elan

elan fabrika

Мистериозен инвеститор од Финска, кој бил во затвор 11 години и кого го бараат со меѓународна потерница, успеал да дојде до доверливи податоци на словенечката компанија „Elan“, пријавувајќи се на тендерот за нејзина приватизација.

Јари Роберт Коивула, кој пред тоа повеќе пати го менувал името и идентитетот, а во Финска бил во затвор за убиство и грабежи, успеал преку писмо да ја убеди управата на „Elan“ дека е сериозен инвеститор, иако наместо сериозни меѓународни референци, имал само потврда дека е основач на фиктивни компании во повеќе земји.

Тој за „Elan“ понудил 35 милиони евра, добил одобрение да изврши длабински преглед на компанијата, по што се повлекол од тендерот, но сега располага со документација со бизнис тајните на „Elan“.

Меѓу останатото, тој располага со договорите на „Elan“ со добавувачите, платите и банкарските кредити, кои може да им ги открие на заинтересираните или на конкуренцијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП