3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКога една земја ќе го зголеми извозот за 258 %

Кога една земја ќе го зголеми извозот за 258 %

Tehran-SanatSQ-00

Иран го зголеми извозот на гас за 258 проценти по потпишувањето на привремениот договор за неговата нуклеарна програма во ноември минатата година.

Договорот е потпишан со САД, Русија, Кина, Велика Британија, Франција и Германија.

Програмата предвидува ублажување на санкциите кои Западот ги воведе против Иран во замена за намалување на нуклеарната програма.

Како што пренесува агенцијата АФП, само испораките на течниот гас се зголемиле од 195,000 на 504,000 барели дневно.

Вкупниот обем на приходите од иранскиот извоз на гас во тој период достигнале 10,3 милијарди долари, пренесува АФП.

Иран е една од водечките земји во производството на природен гас. Со пуштањето во употреба на 12 нови локации за пронаоѓање во Јужен Парс просечното дневно производство на гас во земјата, како што се очекува, до 2016 година ќе достигне 1,2 милијарди кубни метри.

Обемот на докажани залихи се проценува на 29,1 милијарди кубни метри.

Поради санкциите, Иран долго време не можеше да продава гас, па беше принуден да гради складишта за гас. Во употреба се пуштени складишта со волумен од 1,2 милијарди и 4,6 милијарди кубни метри, а вкупно се планирани да се изградат 40 складишта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП