19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Прилеп ќе доаѓаат кинески туристи

Во Прилеп ќе доаѓаат кинески туристи

O

– Неколкучлена делегација од градот Дејанг од Народна Република Кина денеска ја посети општина Прилеп. Делегацијата имаше средба со градоначалникот Марјан Ристески кој нагласи дека ова е втора официјална посета на делегација од кинескиот град Дејанг со кој Прилеп се збратими пред една година.

– Чест ни е што ја примивме кинеската делегација од збратимениот град Дејанг. Не посетија претставници за култура зашто ќе ја развиваме културната и туристичката соработка со овој збратимен град. Целта е да ја продлабочиме соработката во сите сфери- економска, културна и туристичка, Делегацијата ќе ги посети знаменитостите во Прилеп, Регионалната стопанска комора и неколку фирми, изјави Ристески.

Според Бо ЈУ Џен, советник за култура, медиуми и филм од градот Дејанг, задоволството е големо што ќе се продлабочува соработката со Прилеп и Mакедонија.

– Сега почнуваме да го истражуваме културниот пазар овде. Тоа многу ќе значи за да организираме во прилеп да дојдат кинески артисти и да направат претстава, да испратиме млади туристи во Прилеп и македонија, а македонски туристи да ја посетат Кина, изјави Бо Ју Џен.

При првата посета лани на големата стопанско-општествена делегација од кинескиот збратимен град Дејанг на Прилеп, кинеските стопанственици пројавија интерес за инвестирање во недвижностите, во слободната економска зона и за пласманот на мермерот во Народна Република Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП