3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОтворени денови на Државниот инспекторат за земјоделство во Гевгелиско

Отворени денови на Државниот инспекторат за земјоделство во Гевгелиско

stamenov

Директорот на државниот инспекторат за земјоделство, Румен Стаменов, во рамки на проектот Отворени денови на Државниот инспекторат за земјоделство, оствари средби со земјоделски производители, земјоделски аптекари, откупувачи на земјоделски производи и шпедитери од општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово.

На средбата со гевгелиските шпедитери што се одржа на граничниот премин „Богородица“ Стаменов појасни дека проектот треба да ја сними состојбата во базата каде што ќе се види колку се луѓето задоволни и со нив конкретно да се решаваат проблемите за она што нив им недостасува и што е недостаток на државниот инспекторат за земјоделство.

Проектот, рече Стаменов, ќе покаже какви се прописите и дали треба нешто да се подобри за да имаме олеснување на протокот и квалитетни услуги.

– Имаме обврска да гарантираме дека граѓаните во Република Македонија, нашите деца па и самите ние ќе конзумираме безбедни, квалитетни и пред се здравствено исправни земјоделски производи. Заради тоа наша цел е преку проектот да ја подобриме во што поголем степен контролата при увозот, извозот и реекспортот на стоките, нагласи Стаменов пред шпедитерите во Гевгелија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП