29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо февруари 212 одобренија за градење

Во февруари 212 одобренија за градење

gradi889

Во февруари годинава се издадени 212 одобренија за градење, што е за 3,2 проценти помалку во однос на февруари лани, објави денеска Државниот завод за статистика (ДЗС).

Најмногу дозволи за градење се издадени за скопскиот регион (56), по кој следат источниот (32), полошкиот (28), југоисточниот (27), југозападниот (25),…

Според издадените одобренија за градење, предвидената вредност на објектите изнесува 3.522.477.000 денари, што е за 47 проценти повеќе споредено со февруари минатата година.

Од вкупниот број издадени одобренија за градење, 147 (69,3 проценти) се наменети за објекти од високоградба, 33 (15,6 проценти) за нискоградба и 32 (15,1 процент) за реконструкција.

Од вкупно 212 објекти, на 141 (66,5 проценти) инвеститори се физички лица, а на 71 објект (33,5 проценти) деловни субјекти.

Во извештајниот период е предвидена изградба на 445 станови со вкупна корисна површина од 37.313 метри квадратни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП