27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАММФ ја зголеми проекцијата за раст на македонската економија на 3,2 отсто

ММФ ја зголеми проекцијата за раст на македонската економија на 3,2 отсто

mmf334

Меѓународниот монетарен фонд предвидува зајакнување на македонската економија годинава и според најновиот извештај ја зголеми проекцијата за раст од 3 на 3,2 отсто.

Од земјите во регионот, најголем раст од 3,9 проценти ќе има Косово, а по Македонија се Црна Гора со 2,8 отсто, Албанија 2,1 проценти, Босна и Херцеговина 2 и Србија со еден процент.

За следната година ММФ очекува раст на македонската економија од 3,4 проценти, а до 2019-та до 4 отсто.

Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка очекуваат светската економија годинава да забележи раст од 3,6 отсто.

Како главни ризици кои негативно ќе влијаат на глобалното економско закрепнување се наведуваат зголемените геополитички тензии, ниската инфлација, како и забавувањето на брзорастечките економии и на пазарите во развој.

Растот на европската економија се очекува да биде 1,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП