23 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Sports Direct продаде акции за 330 милиони долари

Сопственикот на Sports Direct продаде акции за 330 милиони долари

Mike_Ashley

Сопственикот на англискиот фудбалски клуб Њукасл Јунајтед, Мајкл Ешли продал акции за приближно 330 милиони долари ( 200 милиони фунти ) од друштвото за трговија со спортска стока „Sports Direct“, кое тој самиот го основал.

Продажба стана факт откако акционерите го блокираа предложиот друг бонус, според кој Ешли требало да добие уште 8 милиони акции во вредност од околу 150 милиони долари (72 милиони фунти). Продажбата на акциите на „Goldman Sachs“ го намалила уделот на Ешли во „Sports Direct“ до 57.5 %  или малку над 344 милиони акции.

Уделот се проценува на над 5,2 милијарди долари, а личното богатство на Ешли изнесува околу 7 милијарди долари. Пред тоа Ешли поседуваше 61.7 % од „Sports Direct“, компанија која продава спортска опрема и предмети преку своите над 500 продавници во Велика Британија и во светот, како и онлајн.

Ова е уште еден изненадувачки потег на Ешли, кој заработи сериозна сума, откако продаде 43% од „Sports Direct“ во 2007-та година при ИПО акциите на компанијата. Во јануари „Sports Direct“ купи 4,6% од британсиот синџир на стоковни продавници „Debenhams“. Овој месец „Sports Direct“ во последен момент купи 11% од „House of Fraser“ со што го блокира планираното купување од страна на кинеската „Sanpower“.

„Sanpower“ во моментов поседува 89% во синџирот на луксузни стоковни куќи. Ова не е прв случај во кој Ешли продава акции во израз на протест. Кога во 2012-та година акционерите го блокираа другиот бонус, тој исто така продаде акции за околу 330 милиони долари.

„Sports Direct“  предвиде 3,66 милијарди долари приходи (2.186 милијарди фунти) за финансиската 2013-та година. Акциите на компанијата стана поевтини за 6% од понеделникот наваму, кога беше најавена продажбата на акциите на Ешли.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП