13 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИApple iWatch пристигнува во септември?

Apple iWatch пристигнува во септември?

iwatch septemvri

„Доброупатени извори“ тврдат дека три важни добавувачи на „Apple“ добиле флексибилни плочки за „iWatch“, чија промоција се очекува во септември.

„PCB“ добавувачите „Flexium Interconnect“, „Zhen Ding Technology Holding“ и „Career Technology“ најверојатно ги добиле „FPCB“ примероците за употреба во „iWatch“ уредите на компанијата „Apple“.

Ова се сознанија на „Economic Daily News“ во кои е наведено дека „iWatch“ ќе биде лансиран кон крајот на 2014-та година, а „Apple“ најверојатно има во план да произведе 65 милиони примероци од паметниот часовник до крајот на оваа година.

Претставувањето на овој уред би можело да се случи во септември, по што се претпоставува часовникот веднаш потоа да биде достапен на пазарот, најверојатно во исто време и со „iPhone 6“ и „iOS 8“.

Иако се уште нема доволно податоци за „iWatch“, повеќето извештаи покажуваат дека има биометриски сензори за следење на статистиката поврзана со здравјето, како што се изложеноста на „UV“ зраците, мерењето на пулсот и температурата.

„Apple“ исто така најави и „Healthbook“ апликација која работи со „iPhonе“ и „iWatch“ и е за следење на другите здравствени статистики како тежината, работата на срцето, брзината и потрошувачката на калориите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП