18 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГерманија успева да ги вработи младите

Германија успева да ги вработи младите

germanijamladivrabotuva54e56g4e46

Стапката на невработеност меѓу младите од 15-24 години во Гермaнијa во март изнесуваше 5,9 процнети што е далеку под просекот во повеќето земји на еврозоната.

Според податоците на заводот за статистика во Берлин од 100 млади Германци на возраст меѓу 15 и 24 години 44 проценти се вклучени во образовнието, 31 процент се вработени, 16 процнети се на професионална обука, само пет проценти се невработени, а четири проценти не може да се класифицираат во ниту една група.

Бројот на невработени Германци помлади од 25 години од 2005 до 2011 година е намален за 600.000, пред се во источниот дел на земјата.

Благодарение на здравата економија која е столб на отворањето на нови работни места, демографскиот развој, со оглед на фактот дека популацијата се повеќе старее, квалитетната професионална обука но и работата на определено време, стапката на невработеност меѓу младите во Германија е најниска во еврозоната.

Во Грција таа изнесува 59 проценти, во Шпанија 54,6, во Италија 42,4 проценти и во Португалија над 40 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП