19 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА„Биткоинот не е и не може да биде валута“

„Биткоинот не е и не може да биде валута“

bitkoijao8279edjagje['4

Гувернерот на централната банка на Јапонија, Харухико Курода се сомнева во иднината на дигиталната валута биткоин и истакнува дека „биткоинот не е валута“, освен ако не се докаже неговата безбедност.

„Биткоинот не е валута, не го сметам за средство за плаќање. Без безбедноста или стабилноста на вредноста на биткоинот, нема да постои ни побарувачка за него. Во таа смисла, сметам дека биткоинот не може да биде валута“, изјави Курода по состанокот на централната банка, пренесува агенцијата Франс прес.

Оваа виртуелна валута од февруари претрпе низа удари, откако платформата за тргување со биткоинот MtGox во Токио, поради исчезнување на биткоини во вредност од половина милијарди долари, објави банкрот.

За разлика од многу валути, зад биткоинот не стои ниту една влада и ниту една централна банка во светот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП