
Трговскиот центар Рамстор и модната дизајнерка Олгица Ѓоргиева ќе им помогнат на матурантите да ја одберат својата совршена матурска комбинација и да заблескаат на матурската ноќ.
Рамстор Мол од денес (09.04) ја започнува кампањата “ ТВОЈА МАТУРА НАШ СТИЛИСТ” и ги повикува сите матуранти да ја посетат Facebook страната на трговскиот и да ја дополнат следната реченица со најкреативен одговор: Мојата матурска вечер не може да помине без …
Најкреативните десет матуранти ќе добијат можност да остварат средба со познатата модна дизајнерка Олгица Ѓоргиева и заедно во продавниците на трговскиот да ја пронајдат совршената матурска комбинација.


