5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродавате стан? Еве како да ја забрзате продажбата на недвижнини

Продавате стан? Еве како да ја забрзате продажбата на недвижнини

forsalend38983uru3

Ако сте се одлучиле да го продадете станот, куќата или викендичката, еве неколку корисни совети. Пред да ангажирате агент за продажба, добро информирајте се за можностите и реалните цени на денешниот пазар.

Ако ставите преголема почетна цена, вашиот оглас нема да го примети оној дел на купувачи кои бараат недвижнини во кои треба да спаѓа и вашата понуда. Погрешно е мислењето дека секогаш ќе бидете во можност да ја прифатите пониската понуда ако не поминете со повисоката, бидејќи постои шанса поради повисоката понуда пониската понуда воопшто и да не ја добиете – велат експертите за недвижнини.

Освен превисоката цена, хендикеп во продажбата може да бидат и ситните недостатоци кои лесно може да се отстранат.

Повеќето купувачи бараат недвижнини во кои не е потребно никакво дополнително инвестирање. Оние купувачи кои имаат намера да поправаат и средуваат нешто, трошоците за тоа ќе ги пресметаат во својата понуда и ќе понудат помалку.

Она што за сопствениците на станови не е хендикеп, за сопствениците на куќа може да одигра пресудна улога – станува збор за уредноста на дворот и надворешниот изглед на градбата.

Продавате куќа, бидете свесни дека повеќето купувачи прво ќе ја погледнат надворешната состојба.

Вашата куќа има околу 30 секунди да остави добар впечаток. Затоа немојте да штедите на ситници, скратете ј тревата, уредете го дворот, офарбајте ги оградите, поправете ги олуците или излупената фасада.

Вашата куќа мора да биде привлечна на прв поглед, но тука голема улога игра и уредноста во внатрешноста на вашиот дом.

Купувачот во 60 секунди проценува дали сака тука да живее

Купувачите сакаат да видат чиста и светла влезна врата, елементи во кујната кои се во добра состојба, чиста бања и теписи – ако тоа не го положите, сигурно отпаѓате.

Совет за начинот на комуникација. Кога купувачот ќе ви даде понуда за куќата, станот и сл, многу е важно на неа да одговорите што поскоро. Имено, ако купувачот даде некаква понуда, тој е расположен да ја купи вашата недвижнина. Дури и ако понудата воопшто не ви одговара, заблагодарете се на неа.

1. Поправки да, но умерено

Не трошете премногу пари на поправки и уредување. Ако цената на поправките ја подигне цената на вашата куќа за повеќе од 20 проценти, не сметајте дека ќе си ги вратите парите.

2. Тргнете го вишокот мебел

Тргнете го целиот мебел кој е вишок, а на вас ви послужил на некој начин и личните работи кои ќе му пречат на купувачот да го разгледа убаво просторот. Така вашата куќа ќе делува повеќе пространа.

3. Бидете подготвени на преговори за цената

Немојте да бидете крути или безобразни, не навредувајте ако некој ја намалил вашата замислена вредност. Во ваш интерес е да се договорите со купувачот. Препуштете му го тоа на професионалниот агент и прифатете ги неговите сугестии.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП