
Градот на Босфор се најде на врвот на листата на Топ 10 најдобри туристички дестинации во светот, избрани од ,,Travellers Choise Destinations Awards”.


Градот на Босфор се најде на врвот на листата на Топ 10 најдобри туристички дестинации во светот, избрани од ,,Travellers Choise Destinations Awards”.
Турскиот Мегаполис , магичниот Истанбул, никогаш порано не фигурираше на овој список составен врз основа на гласовите на посетителите на водечката светска веб-страна за патување, ,,TripAdvisor”.
На второ место е Рим. ,,Вечниот град” оваа година напредуваше за две позиции и го зазема местото на Њујорк, кој едноставно беше исфрлен од листата. Само Лондон успеа да ја задржи минатогодишната, трета позиција.
Четврт е Пекинг, петти е Прага, па потоа следат Маракеш, Париз, Ханој, Сијам Реап(Камбоџа) и Шангај.
Оваа година ниеден американски град не се најде на листата на Топ 10 најдобри дестинации.
Освен Њујорк, и Сан Франциско го нема на листата.
Аврстралија се придружи на таборот на губитници, бидејки и Сиднеј кој лани беше десети, испадна од листата.