2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРунтевски на средба со извозници на јагнешко месо

Рунтевски на средба со извозници на јагнешко месо

dejan1

Директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Дејан Рунтевски денеска ќе ја посети кланицата „Серта“ во Кавадарци при што ќе оствари работна средба со менаџерскиот тим.

Целта на посетата е да се согледа состојбата со извозот на јагнешко месо во предвелигденскиот извозен период.

Првиот човек на Агенцијата за храна и ветеринарство денеска ќе има средби и со претставници на ветеринарни станици и оператори со храна од овој регион.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП