Судот во САД им наложи на фармацевтските куќи „Takeda Pharmaceutical“ од Јапонија и „Eli Lilly“ од САД да платат девет милијарди долари казна.
Компаниите се казнети поради лекот за дијабетес за кој се наведува дека ги зголемува шансите за добивање на рак.
Окружниот суд во Лузијана одлучи „Takeda Pharmaceutical“ да плати шест, а деловниот партнер „Eli Lilly“ три милијарди долари. Исто така им наложи да платат и 1,5 милијарди долари отштета на име на тужителите.
Судскиот процес започна кога беше откриено дека лекот „Actos“, за лекување на дијабетес тип два предизвикува рак на мочниот меур, но и други видови на рак.
Од „Takeda Pharmaceutical“ изјавија дека податоците не покажуваат поврзаност помеѓу лекот „Actos“ и заболените од рак.
Казната може да биде намалена по поднесената жалба. Компаниите ги отфрлаат обвиненијата.