2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРекордна помошта на богатите земји

Рекордна помошта на богатите земји

bogatizemjipomosh84fe4fe

Обемот на помошта која богатите земји и ја доделија на сиромашните порасна во минатата година на рекордни 134,8 милијарди долари (94 милијарди евра).

„И покрај континуираниот притисок врз буџетите на земјите членки на ОЕЦД, помошта на најголемите светски донатори за развојот на сиромашните земји е зголемена минатата година за 6,1 проценти и тоа е најголемото забележано ниво“, соопшти Организацијата за економска соработка и развој ОЕЦД, пренесува агенцијата Франс прес.

„Охрабрувачки е да се види дека владите повторно ги зголемуваат средствата за помошта за развој, и покрај финансиските ограничувања со кои се соочени“, изјави генералниот секретар на ОЕЦД Анхел Гуриа.

САД минатата година беа најголем донатор, со вкупно доделени средства од 31,5 милијарди долари, што е за 1,3 проценти повеќе во однос на 2012 година, останати големи донатори се Германија, Јапонија и Франција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП