28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИLoreal купи кинеска компанија

Loreal купи кинеска компанија

lorealncdew7tr43

Француската козметичка компанија „Loreal“ официјалнo стана сопственик на компанијата „Magic Holdings“ од Хонг Конг.

„Loreal“ светскиот лидер во областа на козметиката на половината на август минатата година ги откупи сите акции на компанијата специјализирана за производство на маски за нега на лице, а сега трансакцијата беше официјално одобрена и од Генералното собрание на акционерите во Кина.

Куповната цена од 636 милиони евра за која се преговараше уште во август минатата година не е променета.

За „Loreal“ ова е најзначителното купување од 2008 година, бидејќи ова преземање значи огромно пробивање на кинескиот пазар, се наведува во соопштението на компанијата.

„Loreal“ во 2013 година продаде стока во вредност од 1,55 милијарди евра, што е за десет проценти повеќе отколку во 2012 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП