28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Штип ќе се гради регионален спортско рекреативен центар

Во Штип ќе се гради регионален спортско рекреативен центар

OLYMPUS DIGITAL CAMERA

Почнува да се изготвува техничката документација за регионалниот спортско-рекреативен центар Брегалница, кој ќе биде лоциран кај штипскиот Градски базен, односно по течението на реката Брегалница.

Центарот за развој на Источно планскиот регион и проектанстката фирма „Артриум“ ќе го реализараат овој проект, за кој што треба општина Штип да обезбеди комплетна техничка документација и потребните елаборати.

Раководителката на Центарот за развој на Источно планскиот региона, Драгица Здравева вели дека овој регионален спортско рекреативен центар согласно урбанистичката документација ќе се простира на површина од 5 хектари.

– Во рамки на овој проект влегува ресторантски дел, односно угостителски дел со дополнителни објекти, се предвидува изградба на детско и тениско игралиште, два помали базени и олимписки базен. Треба да се изгради водено село, односно мали вештачки езера, со пропратни урбани елементи и елементи од аква парк и хотелски дел, вели Здравева.

Надлежните од општината велат дека за спортско рекреативниот центар Брегалница ќе бараат приватен инвеститор, а планираат топлата вода од бањата Кежовица да ја донесат во овој центар, со цел да се изградат спа центри, по примерот во соседна Бугарија, каде што од бањски туризам добро се заработува.

Центарот за развој на Источно планскиот регион средствата ги обезбеди од ГТЗ Ред, а изработката на техничката документација ќе чини 28.500 евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП