вторник, 26 септември 2023
ПочетнаКОМПАНИИSunWireless склучи договор за соработка со SBB член на водечката телеком...

SunWireless склучи договор за соработка со SBB член на водечката телеком групација во Југоисточна Европа

aqa

Најголемиот Wi-Fi провајдер во Македонија, “SunWireless“, со задоволство објавува дека е потпишан договор со “SBB“, водечки регионален телекомуникациски оператор и член на “United Group“ најголемата телеком групација во Југоисточна Европа.

Во наредниов период промотивно сите корисници на SunWireless ќе можат со при-пејд картичките кои ги употребуваат во Македонија да користат Wi-Fi сервис и во Србија, користејќи ја хотспот мрежата на Unifi/SBB која брои над 200 хот-зони на голем број ексклузивни локации.

Душко Кончалиев, извршниот директор на SunWireless, по повод договорот изјави: “Среќни сме што на нашите корисници успеавме да им обезбедиме квалитетен Wi-Fi сервис секогаш кога ќе престојуваат во соседна Србија и посебна чест ни е што соработуваме со SBB како еден од водечките оператори во регионот. Се надевам дека
оваа соработка ќе се развива и во иднина пред се на задоволство на клиентите на двете компани”.
Со овој договор, SunWireless продолжува да ја шири својата роаминг хотспот мрежа во регионот и на своите корисници да им обезбедува квалитетен сервис на безжичен интернет секаде каде што се тие присутни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП