5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУапсениот поранешен директор на „Халкбанк“ e нов член на управата на „Зираат...

Уапсениот поранешен директор на „Халкбанк“ e нов член на управата на „Зираат банка“

Suleyman Aslan

Поранешниот извршен директор на турската државна „Халкбанк“, Сулејман Аслан, кој е еден од главните осомничени во истрагата за корупција, е назначен за нов член на Управниот совет на „Зираат банка“, објави турскиот весник на англиски јазик „Хуриет дејли њуз“.

Аслан во следните три години ќе ја зазема новата функција во државната „Зираат банка“, а одлуката за негово назначување на новата должност била донесена во март.

Аслан беше уапсен на 17 декември во рамки на обемната истрага за корупција во високите нивоа на власта во Турција, откако во кутии за чевли во неговиот дом беа пронајдени приближно 4,5 милиони долари.

Во февруари тој беше пуштен на слобода. Аслан ги отфрли обвиненијата за корупција, а премиерот Реџеп Тајип Ердоган дури изјави дека парите пронајдени во неговиот дом биле наменети за хуманитарни цели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП