– Грчките власти ги предупредија граѓаните да бидат особено внимателни при повлекувањето пари од банкомати за Велигден, поради тоа што е забележано зголемување на електронските измами во земјата.
Како најризични се споменуваат банкоматите во супермаркетите, аптеките и тие на плоштадите.
Полицијата им препорача на сопствениците на платежните картички да бидат внимателни, бидеќи учесниците во тие криминални мрежи бараат нови начини за да дојдат до пари и лични податоци.