30 април, 2024
ПочетнаКАРИЕРАШест правила за љубовни врски на работа

Шест правила за љубовни врски на работа

afera1

Многу луѓе, сметаат дека љубовна врска на работното место не е соодветен избор, првенствено поради можните проблеми ако таа врска се раскине.

Па еве неколку совети како вашата романса да не влијае на работното место:

 

Проверете ги правилата

Консултирајте се со одделот за човечки ресурси, за да дознаете какви се правилата во вашата компанија на оваа тема. Едно универзално правило е, без разлика дали е службено пропишано или не, надредените не би требало никогаш да имаат врска со подредените.

Повеќето работодавачи не забрануваат врски на работа, се додека партнерите одговорно си ја извршуваат работата и се однесуваат професионално. Но, ако се работи за однос меѓу надреден и подреден и постои судир на интереси, можат да произлезат други проблеми, како сексуална злоупотреба и слично.

Пријатели пред се

Пред да започнете врска со колега, запознајте го надвор од канцеларија. Тоа ќе ви покаже дека луѓето се различни во професионалниот и приватниот живот.

Кога да им соопштите на колегите и шефот

Почекајте три до шест месеци пред да ја официјализирате врската на работа.

Внимание

Не започнувајте врска на забава од компанијата или на „team building“ семинар. Ако сте под дејство на алкохол, подоцна може да се каете за сопствените постапки.

Избегнувајте да разменувате нежности на работа

Ако сте веќе во врска со колега, немојте ни да помислите да се држите за рака додека шетате по ходниците, или пак да разменувате бакнежи пред колегите. Тое не е професионално.

Подгответе се за излезна стратегија

Без оглед дали таа врска ќе потрае или не, бидете спремни за промена на работното место. Она што е секогаш неизбежно е некој од бившите партнери да ја напушти компанијата, со цел работите да станат попријатни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП