13 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПрофитот на Samsung со втор квартален пад

Профитот на Samsung со втор квартален пад

AUSTRALIA-JAPAN-US-SKOREA-IT-SAMSUNG-APPLE-PATENT-COURT

Добивката на најголемиот светски производител на паметни телефони „Samsung Electronics Co.“ е во пад веќе втор квартал по ред, а причината за тоа е намалената побарувачка и ниските цени на моделите „Galaxy“.

Оперативната добивка на компанијата е намалена до 8,4 трилиони вона (8 милијарди долари). За споредба, во истиот квартал од минатата година добивката била во износ од 8,8 трилиони вона. Резултатот се покажа малку над просечните очекувања на аналитичарите за 8.3 трилиони вона профит за кварталот. Продажбата на моделите од највисоката класа се забави поради пазарната заситеност и дебито на новиот „iPhone“ на „Apple“, коментираат експерти.

Така најголемиот светски производител на смартфони го насочил своето внимание кон поевтините паметни телефони, каде и маржата на профитот е помала. Големи надежи се доделуваат на новопредставениот модел „Galaxy S5“, како и на новата серија на таблети.

Акциите на „Samsung“ се намалија за 0,9 % до 1.385 милиони вона, со што нивната загуба од почетокот на годината е 1 % . Минатата година акциите на компанијата поевтинија за 10 %, што беше нивното прво годишно намалување од 2009-та година.

Продажбата на компанијата била во износ од 53 трилиони вона (50.4 милијарди долари), што беше малку под просекот од очекувањата на аналитичарите за 54 трилиони вона. Се очекува профитот во единицата за производство на мобилни телефони да се намалила до 5.9 трилиони вона, при продажба од 33 трилиони вона, според просечните очекувања на аналитичарите.

Во четвртиот квартал од минатата година компанијата продаде 86 милиони смартфони. Во првиот квартал продажбата достигна 90 милиони единици, според предвидувањата на „Nomura Holdings Inc.“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП