28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААвстријците му го свртеа грбот на штедењето

Австријците му го свртеа грбот на штедењето

money-euro_w520

Австријците минатата година значително ги намалиле нивните заштеди, покажуваат најновите податоци.

Стапката на штедење минатата година, поради ниските камати, е намалена на рекордно ниско ниво од 6,6 проценти. Имено, Австријците во 2013 година штеделе вкупно 12,2 милијарди евра.

До 2009 година нивото на штедење било над 10 проценти, а во рекордните години дури над 12 проценти.

Австријците секогаш биле помеѓу верните штедачи, но од 2010 година дошло до промени на трендот и стапката на штедење е намалена на просечното ниво во еврозоната.

Приватните домаќинства минатата година располагале, според Статистичкиот завод на Австрија, со 183 милијарди евра, од кои само 6,6 проценти се штедни влогови.

Ниските камати очигледно влијаеле на тоа Австријците да му го свртат грбот на штедењето и многумина се одлучиле парите да ги трошат или да ги стават на страна, а не на банкарската штедна книшка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП