3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПолитичките немири и сушата го загрозуваат економскиот раст на Тајланд

Политичките немири и сушата го загрозуваат економскиот раст на Тајланд

Bangkok_skytrain_sunset

– Големата суша во Тајланд ќе предизвика значајно намалување на производството на ориз, шеќер и каучук и ќе ја намали вредноста на вкупниот извоз, предупреди денеска во Бангкок тајландскиот министер за земјоделство Јухон Лимлеамтонг.

Тој рече дека актуелната суша и политичките немири во државата условија намалување на проценката за економскиот раст на Тајланд во 2014 година на скромни 2,7 отсто.

Ако во меѓувреме не паднат очекуваните дождови, досегашните извозни резултати со приходи од над 11,5 милијарди долари од продажба на ориз, шеќер и каучук, ќе бидат преполовени, прогнозира тајландскиот министер за земјоделство.

Песимистичките резултати за економскиот биланс на оваа година ги надополнуваат и се полошите резултати во туристичкиот промет, кој покрај земјоделството и текстилната индустрија учествува во значаен дел во БДП-то на земјата.

Тајланд е најголем извозник на каучук во светот, втор по вредноста на извезениот шеќер и трет по извозот на ориз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП