1 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИBarclays го продава бизнисот во ОАЕ

Barclays го продава бизнисот во ОАЕ

barbarclays

Британската банка „Barclays“ ја договори продажбата на својата банкарска единица во Обединетите Арапски Емирати со „Abu Dhabi Islamic Bank-ADIB“.

„ADIB“ за една единица која има 110,000 корисници ќе плати 177 милиони долари. Повеќето клиенти се работници на привремена работа во странство.

Корисниците кои се префрлаат на „ADIB“ ќе мора да го прифатат финансирањето кое е во согласност со исламските правила, а тие не дозволуваат исплата на камата.

„Barclays“ соопшти дека продажбата ќе му овозможи да се фокусира на корпоративните и инвестициските банкарски операции во регионот.

Во февруари извршниот директор на „Barclays“ Ентони Џенкинс ги објави резултатите на стратешкиот предлог кој опфаќа 75 деловни единици.

„Barclays“ одлучи да се фокусира на пазарите во кои верува дека ќе има конкурентска предност – Велика Британија, САД и Африка.

„ADIB“ е најголемата банка во ОАЕ со 600.000 корисници. Минатата година добивката на банката пораснала за 21 проценти во однос на 2012 во која имаше 238 милиони фунти добивка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП