21 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБанките ќе поделат 100 милиони долари од цементарниците

Банките ќе поделат 100 милиони долари од цементарниците

bankite cementari

„Goldman Sachs“, „Rothschild“ и „Zaoui & Co.“ се финансиските институции кои би можеле да поделат дури 100 милиони долари на име на хонорар за советодавни услуги во врска со соединувањето на двата најголеми светски производители на цемент, швајцарски „Holcim“ и француски „Lafarge“.

Компаниите денеска и официјално го договорија нивното соединување, преку кое заедно ќе имаат промет од 40 милијарди долари.

Американската инвестициска банка „Goldman Sachs“ беше ангажирана за советување на „Holcim“, додека „Lafarge“ соработуваше со консултантската куќа „Rothschild“, како и со компанијата која ја водат Мајкл и Џоел Заоуи.

По неколку години на воздржаност, компаниите во западна Европа почнаа да склучуваат се поголем број на договори со најбрз тренд на раст на подрачјето на спојување и аквизиција од 2011-та година.

Имено, вредноста на таквите договори во Европа порасна на 228 милијарди долари од почетокот на оваа година за разлика од 189 милијарди долари од истиот период лани.

Меѓу банките кои исто така имале улога во советувањето на „Lafarge“ се и „Morgan Stanley“ и „BNP Paribas“.

Според проценките на компанијата „Freeman and Co.“, европските компании за договорите кои се склучени во првиот квартал од 2014-та година ќе платат околу 2,1 милијарди долари за услугите за советување, што е значително повеќе во однос на 1,64 милијарди долари од првиот квартал во 2013-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП