21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва е најсиромашниот светски лидер

Ова е најсиромашниот светски лидер

sushilkoinepal545gss.

Премиерот на Непал, Сушил Коирала е најсиромашниот светски лидер, бидејќи целото материјално богатство регистрирано на негово име се состои од само три мобилни телефони.

Во имотниот лист објавен на сајтот на непалската влада, сепак се наведува дека двата од трите мобилни телефони кои ги користи Коирала не се во функција.

Во родниот град на западот на Непал, Коирала нема сопствен станбен простор ниту пак земја, тој таму живеел кај својот брат.

Пред да се пресели во официјалната резиденција, тој живеел во едноставна изнајмена куќа во Катманду.

Неговата плата изнесува 670 долари. Штедливоста на Коирала потекнува од левичарската идеологија која ја следи од младоста. Уште на стапувањето на функцијата тој беше познат по скромниот животен стил, пред се затоа што тој доаѓа од богато семејство, кое во основа е долга политичка династија која владее со конгресот на Непал, и уште од претходно тој целосно се откажал од наследството.

Тој по својата скромност го надмина и уругвајскиот претседател Хосе Мухика кој важи за најсиромашниот претседател на светот.

Мухика живее во трошна куќа наместо во резиденцијата, го обезбедуваат само двајца полицајци, а речиси цела негова плата ја дава во добротворни цели, тој вози автомобил Буба од 1987 година.

Тој за претседател е избран во 2009 година, во неговата претседателска резиденција преку ноќта спијат бездомниците, а од неговата плата од околу 12.000 долари  му остануваат околу 775 долари за живот (колку просечна плата во Уругвај), целата останата сума ја поклонува на лицата без приходи.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП