23 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрчките медиумски работници денеска излегуваат на протест, за утре закажан генерален штрајк

Грчките медиумски работници денеска излегуваат на протест, за утре закажан генерален штрајк

grcija strike mediumi

– Грција повторно влегува во серија штрајкови, бидејќи денеска на улиците излегуваат новинарите и техничкиот персонал од сите медиуми и вработените на пристаништата, а кулминација на бранот протести е утрешниот 24-часовен генерален штрајк свикан од двата водечки синдиката во приватниот и државниот сектор ГСЕЕ и АДЕДИ, во знак на протест против мерките за штедење.

Медиумските работници бараат потпишување нови колективни работни договори, како и итен прекин на отпуштањата од работа и доцнењата со исплатата на платите. Тие, исто така, инсистираат и на зголемување на помошта за невработените.

Синдикатите, пак, протестираат против отпуштањата во државниот сектор, против вклучувањето на државните службеници во т.н. шема на мобилност, односно принуден одмор, со перспектива нивните работни места да бидат укината, како и против приватизацијата.

Сите овие мерки беа договорени од Владата и меѓународните кредитори во замена за доделената финансиска помош за земјата.

Синдикалните централи инсистираат на мерки за заштита на „општествените богатства, услуги и работнички права на вработените“ и на „итна помош на социјалните фондови“.

Државните болници утре ќе опслужуваат само итни случаи, бидејќи во генералниот штрајк ќе учествуваат и лекари, медицински сестри и административни работници. Во него ќе се вклучат и вработените во локалната самоуправа, банкарските службеници, наставниците и универзитетските професори, како и вработените во даночните служби.

За време на утрешниот генерален штрајк нема да сообраќаат возовите на државната железничка компанија ОСЕ и на приградската железница, а вработените во автобускиот сообраќај ќе протестираат со прекини на работата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП